Шармантниот 24-годишен Лука Хани е прогласен за најсекси маж на Евросонг.
На изненадување и на Швајцарците одлично котира и на обложувалниците. Тој е голема музичка ѕвезда во својата земја Швајцарија.
Роден е во Берн, а од мал свирел на клавир и на гитара. Се запишал во средно ѕидарско училиште, а да не се пријавел на популарното музички шоу во Германија, ќе продолжел да работи како ѕидар.
Неговиот талент го препознала публиката и жирито на музичкото шоу „Германија бара талент”, така што победил на само 17 години и заработил 500.000 евра, кои ги употребил за развојот на својата музичка кариера.