среда, 30. септември 2020. Вести денес: 115
home Познати

ФОТО: Сличноста на овие сестри со Кардашијан е неверојатна, тврдат дека немаат направено пластични операции

Верувале или не на фотографиите кои ќе ги погледнете не се Ким и Кајли.
ФОТО: Сличноста на овие сестри со Кардашијан е неверојатна, тврдат дека немаат направено пластични операции

Соња и Физа Али се ѕвезди во арапскиот свет, а на Инстаграм ги следат над 900.000 луѓе.

Физа е професионална шминкерка, додека нејзината сестра е „муза“ за бренд, а меѓу клиентите кои ги има се многу познати личности како и дел од арапското кралско семејство.

Додека Физа е задолжена за шминката, Соња се занимава со модните прашања.

Меѓутоа вниманието на светот тие го привлекоа најмногу поради неверојатната сличност со Ким Кардашијан (Соња) и Кајли Џенер (Физа).

Сестрите одат толку далеку во копирањето на овие ријалити ѕвезди, па речиси исто се облекуваат, позираат и шминкаат.

И додека таблоидите пишуваат дека за сличноста се заслуижни многубројните пластични операции, сестрите од арапскиот свет тоа го негираат.

-Не сме имале никакви операции, бидејќи сме муслиманки и нашето семејство е посветено на верата, така да на нас тоа во секој случај не ни е дозволено, изјавил сестрите за „Harper’s Bazaar“.

Операција или не, сличноста е бизарна.

Во продолжение погледнете и фотографии од вистинските Ким и Кајли.

Најнови вести

Коронавирус