четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 140
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Познати

ФОТО: Скршена од болка, Северина му го предаде синот на Милан

ФОТО: Скршена од болка, Северина му го предаде синот на Милан

Вчеравечер точно во 20.11 часот, Северина Којиќ во придружба на сопругот Игор Којиќ, го доведе седумгодишниот Александар кај неговиот татко и му го предаде, како што е одредено во денешната судска одлука.

Милан Поповиќ инсистирал уште синоќа да му се предаде синот и не го прифатил предлогот на Северина да почека детето да се подготви и прилагоди. Како што пишува во предлогот, Александар многу тешко ја примил судската одлука да живее со неговиот татко и да ја гледа мајка си само двапати неделно.

Српскиот бизнисмен засега ќе живее во Загреб, за детето да продолжи да оди во истото училиште.

Со привремената мерка одредено е дека Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од 15 до 20 часот и секој втор викенд, почнувајќи од овој. Детето може да го превземе во сабота во 10 часот и да го врати на Милан во недела до 20 часот. Со пресудата е регулирано кога Северина ќе може да го гледа синот за време на летните и зимските распусти, празници.

 

Најнови вести

Коронавирус