вторник, 11. август 2020. Вести денес: 106
home Познати

ФОТО: Шокантна трансформација на познат спортист заболен од корона

Корисниците на социјалните мрежи се шокирани од објавените фотографии од трансформацијата на 40-годишниот спортист кого го совлада ковид-19
ФОТО: Шокантна трансформација на познат спортист заболен од корона

Ахмад Ајад бил во кома 25 дена откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирус.

Кога пристигнал во болница, со висина од 185 сантиметри, тежел 97 килограми и бил мускулест. Кога бил отпуштен од болницата Џон Хопкинс, тој тежел 27 килограми помалку.

-Кога се разбудив од кома, тежев 70 килограми. Рацете и нозе ми беа тенки, а градите ми ги снема. Не можев да верувам колку ми е тешко само да стигнам до работ на креветот и да станам, кажал тој во интервјуто објавено на веб-страницата на болницата.

 

View this post on Instagram

 

#spartanrace #spartan #fitness #fitnessmotivation #fit #fitnessaddict #arms

A post shared by Ahmad Ayyad (@ahmadbird) on

Пред да се разболи, овој спортист кревал тегови и играл кошарка. Кога не вежбал, работел во семејната фабрика за мебел.

Првите симптоми ги почувствувал на 11 март, неколку дена по враќањето од Флорида. Тој се обидел да се опорави со домашна супи, но симптомите не се смириле.

Три дена подоцна тој останал без здив и не можел сам да отидње до болницата. Еден пријател го однел во болницата каде утврдиле дека е заразен со коронавирус. Тој бил првиот пациент во таа болница поврзан на респиратор.

 

View this post on Instagram

 

Three weeks ago I woke up, 60lbs lighter, and reached for my phone to find 1,000 text messages of prayers. I had no clue what they were for. The last thing I could remember was walking into to the hospital because I thought I had the flu. My college friend Omar, a doctor in the hospital, sat by my bedside and explained everything that happened to me. I’d spent 25 days in an induced coma, with doctors informing my parents that I probably wouldn’t make through each night. I did have the flu, then contracted #covid19, and finally was infected with pneumonia. Miraculously, I survived. I thank God for my recovery. And I thank the strength and prayers of my parents, family, and friends. Thank you for your 1,000 prayers because without them i don’t think I would have made it. Special thanks to @deenasr for calling the hospital every night with my parents to check up on me, to help ease the pain and give my parents hope that I would make it out. Love you Doonz! #thankyou #beatcovid19 #hamdillah #survivor #thankgod #coronavirus #johnhopkinshospital #alive #breathe

A post shared by Ahmad Ayyad (@ahmadbird) on

Тој комуницирал со своите роднини пишувајќи пораки на хартија затоа што не можел да зборува. Набргу завршил во кома, а неговата мајка не можела да верува дека не смее да го посети.

Неколку дена откако бил исклучен од респираторот, тој бил префрлен од интензивна нега на одделот за коронавирус, а болничарите му аплаудирале додека заминувал.

Ахмад Ајад е пуштен од болница на 22 април со оштетени бели дробови и срце.

-Се опоравувам од ден на ден. Полека добивам на тежина, многу јадам и одам на прошетки, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

True Hydration! #bali #coconut #live #life #vegan #fitness

A post shared by Ahmad Ayyad (@ahmadbird) on

Додал дека борбата против вирусот е една од најтешките работи низ кои поминал.

-Имав грип секоја година, болен сум еден ден или два, а потоа се чувствувам добро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни затоа што тоа може да му се случи секому, заклучил тој.

Коронавирус