вторник, 2. март 2021. Вести денес: 21
home Познати

ФОТО: Северина се разголе во чест на новиот претседател на САД

ФОТО: Северина се разголе во чест на новиот претседател на САД

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа ќе се всели новиот претседател со своето семејство.

Поддршка на Бајден му изрази и Северина со фотки на кои позира во костим за капење со принт на американското знаме. И предизвика лавина од коментари на Инстаграм.

Имено, поддржувачите на Доналд Трамп ја „потсетија“ дека тој е единствениот американски претседател што не ја турнал земјата во војна за време на својот мандат, додека, пак, приврзаниците на демократите го поздравија овој нејзин потег.

А вљубениците во нејзиниот лик и дело ја нарекоа „прва дама на Балканот“, на која ни Меланија Трамп не ѝ е до колена.

Дали е така, проценете сами:

Коронавирус