петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Познати

ФОТО: Се разголи Ирина Шајк и предизвика вистински земјотрес по социјалните мрежи!

ФОТО: Се разголи Ирина Шајк и предизвика вистински земјотрес по социјалните мрежи!

Познатата руска убавица Ирина Шајк поради пандемијата на коронавирус изминативе месеци ги помина во нејзиниот дом во Менхетн, Њујорк.

Едни од најпосакуваните мажи денес, како што се португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и холивудскиот заводник Бредли Купер „паднаа“ на нејзината убавина изминативе години.

Последниве месеци Ирина беше видена со 34-годишниот трговец со уметнички дела, Витo Шанелб.

Како и многу колеги од модните писти, Ирина Шајк одлучи да го помине летниот годишен одмор на засега непозната егзотична локација – но, фановите на Инстаграм можеа да ја видат со заводлива фотографија во костим за капење.

Ирина одлучи да го истакне своето тело со едноделен костим за капење од американскиот бренд Good American, чиј коосновач е познатата реалити ѕвезда Клои Кардашијан. Изгледот го заокружи со голем сламен шешир.


Со изборот на овој леопард-модел на костим за капење, 34-годишната руска манекенка докажа дека ги следи тековните модни трендови.

Како што открива глобалниот моден пребарувач „Лист“, во последните недели се забележува значително зголемување на побарувачката од модните купувачи за модели и бикини украсени со животински принтови. Побарувачката за нив пораснала за 66 проценти.

Коронавирус