вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 13
home Познати

ФОТО: Се појавија стари фотографии и писма на Анџелина Џоли, овие работи никој не ги знае за неа

ФОТО: Се појавија стари фотографии и писма на Анџелина Џоли, овие работи никој не ги знае за неа

Британски Дејли Мејл доби стари фотографии, писма и разгледници на Анџелина Џоли кои сведочат дека актерката пред популарноста била само обичен човек.

Изворот на весникот побарал да остане анонимен, а на таблоидите им признал дека учел заедно со Џоли во средно училиште во Лос Анџелес.

Од писмата се гледа дека тогаш, како млада девојка, пишувала за момчиња во кои била заљубена, за љубовните проблеми, но и хуманитарната работа.

Дејли Мејл открива дека како средношколци постојано излегувале и оделе од забава на забава, многу пушеле и пиеле.

Анџелина била тотална спротивност од девојките од нејзиното училиште. Наместо со автомобил, се возела со автобус бидејќи чувствувала одбивност кон скапите автомобили и сето она кое тие го претставуваат, особено затоа што елитата од средното училиште во кое учела ги малтретирала помалку популарните ученици, и оние од средната класа.

Иако била од моќно семејство, а татко и бил славен актер таа секогаш била приземна и се делела со пријателите.

-Беше прекрасна личност и нашето пријателство беше совршено. Луѓето не сфаќаат дека таа отсекогаш беше хуманитарка, луда и откачена, но хуманитарка, открил изворот за Дејли Мејл.

Коронавирус