недела, 20. септември 2020. Вести денес: 12
home Познати

ФОТО: Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија

ФОТО: Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија

Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски, реши официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова.

Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот.

Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша:

„Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“.

За оваа прилика Андреа одбра бел фустан, а и Жарко е облечен во бела комбинација и со шешир на главата.

Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје.

Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител  на забавна емисија.

Потсетуваме, актерот ја побара својата сакана за сопруга во ноември претходната година. Честитки, среќни и вечни да сте!

извор:Вистина.мк

Коронавирус