сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 2
home Познати

ФОТО: Се омажи внуката на кралицата Елизабета Втора, ова се првите фотографии од венчавката

ФОТО: Се омажи внуката на кралицата Елизабета Втора, ова се првите фотографии од венчавката

Принцезата Јуџинија, внука на британската кралица Елизабета Втора, денеска во замокот Виндзор кажа судбоносното „да“ покрај Џек Бруксбенк, со кого е во долгогодишна врска.

Ова e втора венчавка во британското кралско семејство оваа година, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл што се случи во мај.

Принцезата Јуџинија е втора ќерка на третиот син на кралицата, принцот Ендрју и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

Младата принцеза официјално нема кралски должности и работи како директорка на уметничка галерија во Лондон. Моментно е деветта во редот за наследство на британскиот престол.

Својот сопруг таа го запознала во ресторан каде што работел како келнер. Сега тој е застапник на брендот текила на глумецот Џорџ Клуни, а во врска беа седум години.

Коронавирус