сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Познати

ФОТО: Прва јавна љубовна изјава на принцот Вилијам, Кејт не можеше да престане да се смее

ФОТО: Прва јавна љубовна изјава на принцот Вилијам, Кејт не можеше да престане да се смее

Очигледно за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам Денот на вљубените веќе е почнат.

За време на официјалната посета на јужен Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не можеле да престанат да се гледаат меѓусебно и да си делат комплименти.

Жена од публиката која ги дочекала, му се обратила на Вилијам со зборовите дека неговата ќерка, принцезата Шарлот и е омилена.

-Да, таа е прекрасна исто како мојата сопруга, и одговорил Вилијам.

Кејт збунето го гледала сопругот и се насмевнувала на секој негов збор.

Облечена во црвен фустан, со црвена марама на која има бели срциња, војвотката од Кембриџ исто така влезе во празнично расположение.

-Тие внимаваат еден на друг, на разни начини. Некои ќе речат дека имаат старомоден брак, но изгледа тоа функционира, истакнал нивен пријател на Фејсбук.

Коронавирус