вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 5
home Познати

ФОТО: Пријовиќ по градник шета низ улиците на Белград

ФОТО: Пријовиќ по градник шета низ улиците на Белград

Снаата на Лепа Брена, пејачката Александра Живојиновиќ, која нам ни е попозната како Александра Пријовиќ, со нејзиното последно стилско издание остави голем впечаток.

Пејачката беше гостинка во една радио станица, а за таа пригода избра импресивна комбинација која се базира на деловен стил: син костум составен од шик панталони и долг елек со едно копче. Ова издание таа го направи да изгледа многу провокативно бидејќи Александра не носи кошула или блуза под нејзиниот елек, а својот изглед го комплетира со отворени сандали и неон жолта мини-чанта.

Таа се одлучи за минимална шминка, што само ја истакнува нејзината убавина, а од накит носеше неколку алки, часовник и скап прстен.

фотографии: ANTONIO AHEL/ATA IMAGES
извор:glossy.espreso.rs

Коронавирус