четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 146
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Познати

ФОТО: Познати лица на бебе-забавата на Ема Робертс

ФОТО: Познати лица на бебе-забавата на Ема Робертс

Глумицата Ема Робертс, можеби најпозната по серијата „Американска хорор приказна“ (American horror story), во август објави дека таа и нејзиното момче Герет Хедланд очекуваат машко бебе.

Така, деновиве се случи и традиционалната американска (исклучиво женска) бебе-забава, секако, со запазување на задолжителното физичко растојание поради опасноста од Ковид-19. Според неименуван извор, освен Ема, на седенката присуствувале и мајките на идните родители, потоа – глумицата Кристен Стјуарт и нејзината девојка, сценаристката Дилан Мејер, девојката на Леонардо ди Каприо – Камила Морон со нејзината мајка Лили Кершо и 10-на други.

Според трудницата, која била видно поласкана и среќна за приновата, ова било „вообичаена седенка со многу смеа“ и забава за секого. Таа се пофали околу тоа и со неколку објави на Инстаграм.

Коронавирус