понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 8
home Познати

ФОТО: Познатата блогерка пронајдена мртва во Грција

ФОТО: Познатата блогерка пронајдена мртва во Грција

Блогерката од Австралија, Шинејд МекКамара, пронајдена е мртва во Грција, пишуваат австралиските медиуми.

Родениот брат на убавата Инстаграм ѕвезда Џејк МекНамара ја потврди веста за медиумите со соопштение во кое стои дека „ги примил најлошите вести во животот“. Сепак, причината за смрта на младата манекенка не е откриена.

Шинејд имала само 20 години. Последните година дена на Инстаграм објавуваше фотографии од одмори низ луксузни летувалишта ширум светот, а пред само четири дена објави фотографија од последниот одмор во Грција.