четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Познати

ФОТО: Позната актерка доживеа огромна непријатност во Црна Гора

ФОТО: Позната актерка доживеа огромна непријатност во Црна Гора

Познатата српска актерка Аница Добра доживеа непријатно искуство додека настапуваше на „Бедем фест“ во градот Никшиќ во Црна Гора.

Во моментот кога излегла на сцената, еден маж од публиката ја погодил со шише полно со пиво. По скандалот, Добра продолжила со настапот, објави белградски „Блиц“.

-Ова ми е прво музичко гостување, и водено мој проштален концерт. Навистина мислам дека ова не ми припаѓа, а многу сум среќна што сум овде, изјави актерката.

По лошото искуство, таа замина на море, во Котор, за да се одмори од лошата случка.

Аница Добра е една од најголемте филмски ѕвезди во поранешна Југославија, најпозната по филмовите „Црни бомбардер“ и „Како је пропао рокенрол“. По распадот на Југославија, таа градеше интернационална кариера во Германија, каде што живеела како дете, и во САД.

Локални избори 2021