понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 145
home Познати

ФОТО: Поради оваа насловна, Џиџи и „Вог“ мораа да се извинат

ФОТО: Поради оваа насловна, Џиџи и „Вог“ мораа да се извинат

Позната манекенка Џиџи Хадид и италијанското издание на „Вог“ се извинија поради насловната на мајскиот број на која позната манекенка е фотографирана со темен тен и темна боја на косата, што пак предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Хадид на Инстаграм напиша дека во модата мора да постои разновидност, но дека не и е цел некому да му ја земе работата.

Фотографот на „Вог Италија“, Стивен Клајн, наведе дека неговата визија била да создаде приказна поврзана со костимите за капење и ефектот на бронзениот тен.

Клајн потенцира дека ги разбира причините кои предизвикаа реакција кај читателите и додаде дека тој и магазинот искрено се извинуваат ако некого на каков било начин навредиле.

Коронавирус