вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Познати

ФОТО: Поп ѕвездата гордо ги покажа влакната на нозете

ФОТО: Поп ѕвездата гордо ги покажа влакната на нозете

Американската пејачка Ријана објави фотографија во бикини на која открива дека не се заморува со совршен изглед.

Таа на разни начини се обидува да ги промени стандардите во индустријата за убавина. Лансираше свој козметички бренд и колекција на долна облека, наменета за сите конфекциски големини на тело, а по овие проекти продолжи да ја шири идејата на својот профил на Инстаграм.

Овој пат таа сподели фотографија на која освен облините можат да се забележат и влакната на нозете, но и целулитот на бутовите, што ги воодушеви обожавателите.

-Кога не можеш да дочекаш лето, напишала Ријана во описот на фотографијата која собра 3,5 милиони лајкови.

Освен што ретко ги гледаме познатите личности како ги покажуваат своите недостатоци, она што ја прави оваа објава посебна е дека Ријана ужива во својот живот во потполност.

 

when u can’t wait for summer.

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on