среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Полициското возило го влечело 30 метри- синот на хрватската пејачка доживеа страшна несреќа

ФОТО: Полициското возило го влечело 30 метри- синот на хрватската пејачка доживеа страшна несреќа

Јан Ковачевиќ, синот на хрватската пејачка и водителка Ивана Плечингер, во петокот доживеа сообраќајна несреќа.

На Јан на пешачки налета полициски автомобил, кој, според зборовите на пејачката го носел и влечел 30 метри.

-Некогаш навистина целиот свет во секунда ти се стресува. Јан можеше да отиде од овој свет, а не само што остана, туку според многумина чудесно е што е малку повреден. На него на пешачки налета полициско возило, го носело 30 метри и Јан на крајот заврши под возилото, рече Ивана.

Таа сите свои обожаватели ги замоли да не шпекулираат кој е виновен, зошто според нејзините зборови, тоа сега не е важно.

-На итна е, иако прилично искршен, ги засмејуваше сите дежурни сестри. Ноќеска му е оперирана ногата, докторите се многу оптимисти. Пред операцијата беше загррижен за тоа што ќе биде со проектите кои ги подготвува, ни диктираше кого се треба да известиме и зборуваше кои пријатели негови да ги повикаме да не се загрижуваат, раскажа Ивана, чиј син е Јутјубер.