среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 103
home Познати

ФОТО: Почина создавачот на најпознатите ликови од „Улица Сезам“

ФОТО: Почина создавачот на најпознатите ликови од „Улица Сезам“

Американскиот куклар Керол Спини, познат по ликовите од телевизиската емисија „Улица Сезам“, почина на 85 години.

Спини бил познат по својата љубезност и оптимизам, а на светот му даруваше два најзначајни лика кои гледачите ширум светот ги обожуваа.

„Улица Сезам“ беше популарна за време на ’70 и ’80 години. Спини се пензионираше во 2018 година, а изгледот на Big Bird и Oscar the Grouch го смисли и им го даде својот глас на почетокот на емитувањето на емисијата во 1969 година.

Тој почина во семејната куќа во Конектикат, а долго време се борел со сериозно заболување на мускулите.