сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 19
home Познати

ФОТО: Перо Антиќ има плакар за патики кој е поголем од тој во продавница

ФОТО: Перо Антиќ има плакар за патики кој е поголем од тој во продавница

Ако поголемиот дел од припадничките на понежниот пол сакаат да имаат што повеќе високи потпетици, кај мажите тоа најчесто се патиките.

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ разбирливо е голем вљубеник во патики, а во својот дом ги има повеќе отколку што една продавница има залиха.

Перо е доста активен на својот Инсатграм профил, особено на „стори“, каде редовно ги снима неговите три сина.

Овој пат, оној што чепна во неговата слаба точка, плакарот со патики, беше постариот син Лука.

Тато Перо веднаш беше тука со предупредување до наследникот кој како да сакаше да си избере еден чифт од стотиците кои беа истурени во куп и се трудеше да ги среди.

Стотиците модели секако се од реноминари спортски брендови, некои дизајнирани и специјано за Перо, а за сумата колку чинат сите вкупно, можеме само да претпоставуваме.

Коронавирус