петок, 3. април 2020. Вести денес: 7
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

ФОТО: Oвој Македонец и се „залепи“ на Карлеуша

ФОТО: Oвој Македонец и се „залепи“ на Карлеуша

Во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има македонски кандидати кои се борат да се покажат во најдобро светло, а благодарение на своите ментори работат на тоа да бидат уште подобри.

Ова година, првпат во музичкото учестува и кумановецот Марио Арангеловски кој е под менторство на Јелена Карлеуша.

Пејачката заедно со својот тим односно Мира Шориќ и Ивана Петерс работат со своите кандидати.
Марио успеа убаво да се претстави во вториот круг, па помина директно во третиот круг кој наскоро треба да започне со снимање.

По тој повод, Арангеловски замина во Белград за да поработи со своите ментори, да ги одберат песните, да поработат на грешките и целокупното претставување.

Меѓутоа, Марио освен што „учеше“ од Јелена, тој го искористи моментот да направи „селфи“ со пејачката.

Заедничката фотографија, Македонецот го објави на својот „Инстаграм“. Многумина, посебно фановите на пејачката би посакале да се најдат на местото на Марио и да ја запознаат Јелена во живо или да направат едно заеднички селфи.

Во една прилика, Марио исткана дека Јелена многу добро знае да им ја крене самодовербата на своите избрани кандидати. Тој исто така истакна доколку Карлеуша не би му била ментор ќе се откажал од шоуто.

Како Јелена ќе го подготви Македонецот за третиот круг на музичкото шоу останува да видиме.

За потсетување, оваа сезона од „Ѕвездите на Гранд“ се откажаа Стефан Величковски и Елена Миленковска.

извор: Вистина.мк

Коронавирус