среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 146
home Познати

ФОТО: Овој човек одеше по Месечината, а денес се вакцинираше против коронавирус

ФОТО: Овој човек одеше по Месечината, а денес се вакцинираше против коронавирус

Поранешниот американски астронаут, вториот човек кој одел по Месечината, Баз Олдрин, денес ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот, само неколку дена пред неговиот 91. роденден.

Тој во таа прилика, апелирал до граѓаните на САД да го следат неговиот пример.

Олдрин им се заблагодарил на лицата задолжени за развој и дистрибуција на вакцините, пренесе „Њујорк пост“.

„Ги замолувам сите да се пријават за вакцина што е можно порано, за животот да може да се врати во нормала“, порача Олдрин на Твитер.

Тој е познат по тоа што беше член на Аполо 11 мисијата, кога стана вториот човек, по Нил Армстронг, кој одел по Месечината.

Според податоците на НАСА, Олдрин пред мисијата Аполо 11 примил неколку вакцини, против тетанус, грип, заушки, големи сипаници… Пишува „Њујорк пост“.

Најнови вести

Коронавирус