вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 57
home Познати

ФОТО: Овие холивудски ѕвезди го слават нашиот Божиќ

ФОТО: Овие холивудски ѕвезди го слават нашиот Божиќ

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди слават православен Божик. Додека едни се родени во православни семејства, други станале заради своите партнери.

1. Ким Кардашијан. Старлетатата е родена во Лос Анџелес, но по потекло е од Ерменија. Имено, таа е четврта генерација иселеници од Ерменија, а нејзините предци живееле на територија која денес се наоѓа во Турција.

2. Наоми Кемпбел. Родена е во Лондон, мајка и е од Јамајка, а татко си никогаш не го запознала. Додека беше во врска со рускиот тајкун Владислав Дороњин, Наоми стана верник на Руската православна црква.

3. Том Хенкс. Славниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да стане православен. Кога по втор пат се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да стане православен. Таткото на Рита е по потекло од Бугарија, а мајка и Гркинка со потекло од Албанија.

4. Џејмс Белуши. Роден е во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанската православна црква и е горд на своите корени.

Празниците по православните обичаи ги слават Џенифер Анистон, Кристијан Бејл, Дејвид Гахам, Џонатан Џексон и многу други.

5. Џенифер Анистон нашата религија ја наследила од таткото Џон Анистон, роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит.

 

6. Актерот Кристијан Бејл ја прими православната вера кога пред 15 години се ожени со Сиби Блажиќ, бивш американски модел со српско потекло.

7. Пејачот на Дипеш мод, Дејвид Гахан, исто така ја превзеде православната вера од својата сопруга со грчко потекло Џенифер Скилаз.

Холивудскио актер Џонатан Џексон роден е во адветнистичко семејство, но пред три години тој и неговото семејство преминаа во православието. Според неговите зборови тој решил да биде со оние кои не зборуваат многу, но даваат предност на молитвата.