среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 113
home Познати

ФОТО: Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка

ФОТО: Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка

Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка, ниту пак, да има каков било контакт со неа во иднина, пишува „Ју-ес Магазин“.

Познатиот холивудски заводник не остана во врска ниту со мајките на претходните негови два сина, но ги прифати татковските обврски, и редовно ги посетува. Сепак, според неименуван извор близок до актерот, со малата Лајла која е родена минатиот месец, тоа не е случај, па тој и на суд потпишал дека одбива старателство над неа.

Актерот не сака да ги коментира овие наводи, оти „тоа се приватни работи“.

МИА