петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 92
Во живо

ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски од индустриската зона „Жабени“

home Познати

ФОТО: Откриена статуата на Дaјана

ФОТО: Откриена статуата на Дaјана

Британските принцови Вилијам и Хари зaeднo ја открија статуата на покојната принцеза Дaјана и по тој повод изјавија дека секој ден мислат на мајка им која го сменила светот на подобро.

Свеченоста на откривањето на статуата се одржа во реновираната градина на палатата Кенсингтон, на 60-тиот роденден на принцезата Дaјана. Настанот го означи првото заедничко појавување на браќата по погребот на нивниот дедо – принцот Филип, што се одржа на 17 април годинава. Градината на Кенсингтон беше едно од омилените места на принцезата Дaјана.

„Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер. Овие квалитети ја направија извор на добрина за целиот свет. Таа успеа да промени голем број животи на подобро“, се вели во изјавата на синовите на Дaјана.

Тие велат дека се надеваат дека статуата „засекогаш ќе остане симбол на нејзиниот живот и наследство“. Мал број гости присуствуваа на откривањето на статуата, а меѓу нив беше и братот на Дaјана, Чарлс Спенсер.

Инаку, Хари неколкупати истакнуваше дека е во сложени односи со неговиот брат, но и оти, покрај тоа, тој е најблиската личност во неговиот живот.

Најнови вести

Локални избори 2021