четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 86
home Познати

ФОТО: Нашата Теа во стилот на Карлеуша, се соблече по бикини и прошета по снегот

ФОТО: Нашата Теа во стилот на Карлеуша, се соблече по бикини и прошета по снегот

Надвор владеат ниски температури и е камен студено. Иако понекогаш сонцето знае да ѕирне од зад облаците, сепак не “лаже“ дека е топло.

Од својот дом не излегуваме без својата зимска опрема, односно топлиот капут, капа, шал… А тука е и чајот за да не стопли.

Многу македонски јавни личности го искористија почетокот на година и првата година од јануари за да заминат некаде на зимување и да се впуштат во зимските авантури.

Така, додека некои од јавните личности имавме прилика да ги видиме во зимска опрема, „маскирани“ за да се спасат од студеното време, Теа Трајковска е „обратна“.

Имено, во светот е тренд да се фотографираш по бикини или долна облека на снег, а овој тренд го покренаа сестрите Кардашијан, а на Балканот, Јелена Карлеуша.

Меѓутоа, и некои од српските јавни личности не одолеа на трендот, па се фотографираа во бикини или голи на снегот.

На овој предизвик се приклучи токму и македонската пејачка Теа Трајковска која на студеното време позираше во бикини и капче на главата.

„Студеното не ме допира“ напиша Теа во описот на фотографијата, а под истата се нижеа само позитивни коментари меѓу кои и: „Грмиш и на студено“.

Но, да не биде дека Теа ужива само во бикини и во вода, туку е и зимската опрема и скиите, па пејачката се впушти и во зимските авантури.

Веруваме, дека Трајковска уживала во секој миг и ги наполнила батериите за следните активности.

Најнови вести

Коронавирус