недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 85
home Познати

ФОТО: Најзгодната пожарникарка на светот

ФОТО: Најзгодната пожарникарка на светот

Работата на Норвежанката Ган Нартен е да спасува животи, а со самото тоа е херој во сечии очи. Но, освен тоа, таа е и личен тренер и фитнес инфлуенсерка која објавува фотографии и интензивни вежби од теретана, поради што стекнала титула на една од жените кои се вредни за воодушевување.

 

“Отсекогаш сум сакала да бидам активна и дел од тимот. Кога дознав дека тоа е можно да се комбинира со физичка работа и да се прави нешто добро за другите, изборот беше едноставен. Се пријавив за работа како пожарникарка, а мојата мајка ми кажа дека никогаш не слушнала некоја жена да го прави тоа. Ја прашав: “А зошто не би го правела?”, вели Нартен за “Daily Mail”.

Таа трча, игра фудбал и тренира кросфит со колегите пожарникари.

 

“Сакам да бидам еднаква со мажите иако некои можеби мислат дека тоа е премногу маженствено”, додава оваа пожарникарка која од неодамна станала мајка на девојче.

Доколку ви недостига доза на инспирација и мотивација, погледнете го Инстаграм профилот на девојката кој навистина вреди да се погледне.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Norwegian summer??☀️??

A post shared by GUNN NARTEN ?? (@narten86) on

Коронавирус