Најпознатата плус-сајз манекенка го носела најразголениот тренд на сезоната.
По Ким Кардашијан, Деми Ловато, Бела Хадид и други славни дами, и Ешли Грахам се одлучи да излезе од дома без панталони, односно во сако кое било во улога на фустан.
Во долгото црно сако на двојно копчање, манекенката прекршила и едно модно правило со тоа што истовремено ги покажала и нозете и деколтето, но тоа денес сè повеќе се занемарува. Ешли ја надополнила оваа комбинација со минималистички сандали со леопардски дезен и златен накит.
Со своите модни изданија, плус-сајз убавицата секојдневно ги руши типичните предрасуди за облекување во склад со килограмите и е вистинска модна инспирација за пополните дами.