среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Познати

ФОТО: Младиот Џогани доживеа тешка сообраќајка, новиот автомобил целосно уништен

ФОТО: Младиот Џогани доживеа тешка сообраќајка, новиот автомобил целосно уништен

Младиот Адам Џогани, поранешен учесник на реалното шоу „Задруга“ и близок роднина на Луна Џогани синоќа во Белград доживеал сообраќајна несреќа во која е полесно повреден, а автомобилот уништен.

Според неговата изјава, која ја пренесуваат српските медиуми, во него удрила позната водителка која со автомобилот управувала во алкохолизирана состојба.

-Некоја жена пред мене сакаше без трепкач да сврти и нагло закочи. Сакав да ја поминам и таа одеднаш удри во мене. Верувам дека беше под дејство на алкохол, а јас немав ни капка. Седеше и плачеше во автомобилот. Имам повреда на вратот и дланката, наа ништо нема. Ми ставија шансова кравата која ќе треба да ја носам најмалку две недели, истакнал Адам кој додал дека водителката ќе ја тужи.

Џогани додал и дека автомобилот кој му е уништен во несреќата му бил нов, купел пред неполни два месеци.

-Автомобилот го купив на 23 август. Дадов сериозен износ, но тоа е, важно е дека сум здрав и жив, заклучува младиот Џогани.