Меланија Трамп го придружуваше сопругот на неговото патувањето во Валдост, кое е прво официјално по претседателските избори.
Модната комбинација која Меланија ја носеше го привлече вниманието на многумина, а брзо потоа се огласија и модните критичари. Тие се согласуваат дека Меланија е една од најдобро облечените први дами.
За овој настан таа избрала црн фустан, а над него облекла струкиран кожен капут во темноцрвена боја.
Познавачите на модата велат дека оваа есенско-зимска сезона ќе биде во знакот на кожените капути, а Меланија веќе одамна ги има. Сличен црвен модел таа носела и во февруари годинава.