сабота, 4. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

ФОТО: Меган Маркл во ново издание кое ја руши кралската мода

ФОТО: Меган Маркл во ново издание кое ја руши кралската мода

Војвотката од Сасекс присуствуваше на доделувањето на Британските модни награди.

Меган Маркл беше посебна гостинка на ова случување, а нејзиното присуство беше строго чувана тајна.
Таа ја додели наградата за најдобра британска дизајнерка на женска мода за 2018 година на креативната директорка на модната куќа Живанши.

Токму директорката на оваа модна куќа ја креираше венчаницата на Меган, но и голем број модни комбинации кои таа ги носи.

На доделувањето на наградите, војвотката од Сасекс блесна во фустан од оваа модна куќа. Убавиот црн фустан со отворени раменици го истакнуваше и нејзиниот труднички стомак.

Елегантниот фустан таа го дополни и со златна нараквица.

Сепак, она што на многумина им го привлече вниманието е нејзиниот лак за нокти. Имено, најистакнатите членови на кралското семејство како Кејт Мидлтон, во јасвноста никогаш не се појавиле со темна нијанса на лак за нокти бидејќи тоа е забрането од крализата Елизабета Втора која дозволува само светли нијанси на лак.

Меган за оваа пригода имаше исклучително темен лак на ноктите, со тоа повторно поместувајќи ги границите на кралската мода внесувајќи малку стилска свежина меѓу членовите на кралското семејство.

Коронавирус