понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 174
home Познати

ФОТО: Манекенката жестоко им одговори на оние кои ја критикуваа дека е слаба во бременоста

Многу од нејзините следбеници ја нападнаа поради големината на нејзиниот труднички стомак, коментирајќи дека таа е нездраво слаба, дека стомакот ѝ е премал и дека се сомневаат во вистинитоста на нејзината бременост.
ФОТО: Манекенката жестоко им одговори на оние кои ја критикуваа дека е слаба во бременоста

Ема Меквеј со радост ја сподели со своите фанови веста дека очекува бебе. Манекенката често објавуваше фотографии на својот профил на Instagram за да ги известува обожавателите како се одвива нејзината бременост.

Но, 25-годишната Британка не очекуваше дека фотографиите кои го документираат претпоследниот месец од бременоста ќе изгледаат контроверзно во очите на јавноста и ќе ја направат мета на критики.

Многу од нејзините следбеници ја нападнаа поради големината на нејзиниот труднички стомак, коментирајќи дека таа е нездраво слаба, дека стомакот ѝ е премал и дека се сомневаат во вистинитоста на нејзината бременост.

Моделот којшто го очекува раѓањето на своето прво дете во јануари, објави уште една фотографија и кратка порака со која им се спротивстави на критизерите.

„Навистина ли е бремена? Не, лажам за бебето од речиси 3 кг коешто е моментално во мојот стомак. Ја објавувам оваа фотографија најмногу поради тоа што мојот стомак може јасно да се види во одразот на огледалото. Да, однапред не изгледам толку широка и огромна, но, во споредба со мојата половина пред да забременам, верувајте ми дека ги здобив сантиметрите коишто требаше. Моето бебе е здраво, расте токму како што е предвидено и, да бидам искрена, едвај чекам да ве замолчам за неколку седмици“.

Многу од обожавателите застанаа во нејзина одбрана пишувајќи дека секое тело и оттаму- секое трудничко стомаче е различно. Земајќи го предвид тоа што Ема има природно витка става и по професија е модел, разбирливо е тоа што таа успеа да ја задржи својата линија за време на бременоста.

„Ве молам, не однесувајте се како да сте доктори и не кажувајте ми што е добро или лошо за моето здравје, сѐ додека не видете што јадам во текот на еден ден. Не треба да им судите на луѓето додека не знаете ништо за нив“ – дополни моделот и со тоа им стави крај на критиките.

Коронавирус