вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Познати

ФОТО: Луна Џогани во секси новогодишно издание ја откри вистината за разделбата со Марко

ФОТО: Луна Џогани во секси новогодишно издание ја откри вистината за разделбата со Марко

Ќерката на Анабела Атијас и Гаги Џогани, Луна веќе неколку месеци чекори во музичките води, а јавноста пред неколку дена можеше да ја слушне нејзината трета песна, која младата пејачка на публиката и ја претстави како новогодишен подарок.

Во новогодишно издание и интервју за еден од српските медиуми, младата девојка која јавноста подобро ја запозна преку учеството во едно реално шоу, конечно ја призна и вистинската причина за раскинувањето на врската со 13 години постариот Марко Миљковиќ. Нивната љубовна приказна започна токму во реалното шоу и продолжи и по неговото завршување, но парот пред неколку недели одлучи дека е подобро за двајцата да се разделат.

-Не размислувам за смирување. Се обвинувам и себе и него за тоа што не успеавме. Двајцата пукнавме под притисок на обожавателите и околината. Не бевме доволно силни да издржиме се’. Не него му праќаа пораки дека јас сум го изневерувала, исто и на мене. Поради тоа раскинавме, открива Луна.

Таа додава дека сепак се уште има емоции кон сега веќе поранешниот партнер.

-Не се чувствувам најдобро, но се трудам да не размислувам за раскинувањето. Крајот се случи одеднаш и нормално дека не ми е сеедно. Имам премногу раота, а поради се што ми се случи со Марко сум под голем стрес. Ми падна имунитетот на нерва база, па се разболев. Се изморив од се’, но не се предавам, заклучува Џогани.

Во Новата 2020 година вели дека ќе се фокусира на кариерата, но нема да бега од љубовта ако и се случи.