вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 161
home Познати

ФОТО: Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип ја прославуваат 73 годишнината од бракот

ФОТО: Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип ја прославуваат 73 годишнината од бракот

Британската кралица Елизабета Втора и принцот Филип вчера прославуваат 73 години брак, а по тој повод е објавена фоторафија на која кралскиот пар отвора честитка која ја добиле од своите правнуци.

Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг седат на софа во замокот Виндзор и ја разгледуваат честитката од децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, Џорџ (7), Шарлот (5) и Луис (2).

Елизабета имала 21 година кога на 20 ноември 1947 година се омажила. На британскиот трон е од 1952 година, најдолго од било кој друг британски монарх. Воедно нејзиниот брак со принцот Филип е најдолг во историјата на британските владетели.

И додека кралицата Елизабета се уште ги извршува своите должности, принцот Филип (99) се повлече од јавниот живот

Коронавирус