Иако доста се шпекулираше за дизајнерот кој ќе го осмисли изгледот на венчаницата, идната принцеза Меган Марклсвојата доверба му ја укажа на британскиот бренд „Ралф и Русо“.
Меган ќе носи рачно направена креација во која ќе дојде до олтарот во капелата Свети Џорџ пред 600 гости и милиони луѓе кои ќе ја гледаат венчавката на тв екраните.
Според извор близок до Меган, венчаницата ќе чини околу 100 илјади фунти.
-Звучи многу но ова е венчавката на годината, а за изработката на оваа венчавка потребно е да се вложат часови зашто скоро се се прави рачно, вели изворот.
Иако цената е превисока, таа нема да надмине вредноста на венчаницата на Кејт Мидлтон која изнесуваше нешто над 150 илјади фунти.