недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Која е дамата која разбесни многумина на доделувањето на „Златните глобуси”?

ФОТО: Која е дамата која разбесни многумина на доделувањето на „Златните глобуси”?

Во неделата беше одржано престижното доделување на наградите “Златни глобуси”.

Со оглед на тоа што во последните неколку месеци во Холивуд се појавија бројни скандали поврзани со сексуално вознемирување на жените, славните дами одлучија да се појават на црвениот тепих во црни фустани како знак на протест и подигнување на свеста за овој проблем.

Но, на доделувањето се појавија и жени кои не ја поддржале ваквата одлука, туку ја искористиле својата покана за да се истакнат од масата, што не наиде на разбирање од публиката и присутните.

Една од таквите жени е 36-годишната актерка Бланка Бланко која носеше “проблематичен” фустан и на минатогодишното доделување на Оскарите, каде го откри своето меѓуножје.

Таа на “Златните глобуси” повторно се појавила без долна облека, а црвениот фустан откривал повеќе отколку што треба. Бланка била во друштво на својот долгогодишен партнер – 68-годишниот актер Џон Севиџ.

Иако не била единствената која не се придружила на “женското холивудско движење во црно”, таа дефинитивно била единствената која носела ваков провокативен фустан и со тоа ги преминала границите на добриот вкус.

Коронавирус