сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 40
home Познати

ФОТО: Кој на кого личи? Вака изгледаат сестрата и мајката на Дадар

ФОТО: Кој на кого личи? Вака изгледаат сестрата и мајката на Дадар

Најдобриот и најпознатиот македонски стилист Александар Билјановски – Дадар неодамна го отвори новиот салон за разубавување, па сега таму е вистинска врвулица од клијенти.

Меѓу нив – плејада на познати лица, јавни фаци од естрадата, модата, медиумите, уметноста, културата… но понекогаш и понекоја дама која за него е многу повеќе од сите нив! Но, да не се разбереме погрешно, секоја чест на муштериите… Почит кон секој клиент, ама сепак, „крвта не е вода“!

Имено, малкумина знааат дека нашиот популарен стилист не е единец. Иако тој самиот речиси никогаш јавно не зборувал за своето семејство, тој сепак има сестра… и тоа близначка и постар брат!

Како и повеќето близнаци, така и тие имаат некои заеднички карактеристики, па дури и слични имиња, тој е Александар, а таа Александра. Но, сепак физички речиси и воопшто да не личат.

Тој црн, таа русокоса, со сосема поразличн црти на лицето и физиономија од неговата. Сестрата – близначка на Дадар многу повеќе наликува на нивната мајка Зоре отколку што си личат со родениот брат.

Дали е тоа сепак така, проценете сами?!

Најнови вести

Коронавирус