сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 24
home Познати

ФОТО: Ким Кардашијан ја опиша 2020 година со смешна фотографија од нејзината ќерка

ФОТО: Ким Кардашијан ја опиша 2020 година со смешна фотографија од нејзината ќерка

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, претстави како нејзината 2020 година би изгледала доколку е фотографија, со кадар на нејзината ќерка Норт и нејзината мала братучетка Пенелопе.

Кардашијан на својот Инстаграм профил ја објави споменатата фотографија од двете девојчиња, со која ги насмеа нејзините обожаватели, а секако не било воопшто смешно во вистинскиот момент кога е создадена оваа фотографија.

Имено, Ким ја држи Пенелопе, која исто така изгледа исплашено, без оглед дали е од нешто што го видела или слушнала, а притоа малечката несвесно замавнува со рацете и ја удира нејзината братучетка Норт.

Оваа фотографија ја опишува 2020, како еден голем, неочекуван удар во лице.

Патем, семејството Кардашијан не ги почитуваше мерките против коронавирусот за Денот на благодарноста, бидејќи тие се собраа како семејство во куќата на нивната мајка Крис Џенер.

На граѓаните во Калифорнија претходно им беше препорачано да не патуваат за тој празник или да се собираат поради пандемијата на коронавирисот, а на фотографиите, во куќата на Крис, може да се види маса поставена за 14 лица.

Преземено од Еспресо.мк

Коронавирус