петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 75
home Познати

ФОТО: Ким ја објави првата фотографија од ќерката Чикаго

ФОТО: Ким ја објави првата фотографија од ќерката Чикаго

Ким Кардашијан (37) и официјално на социјалните мрежи го претстави третото дете, ќерката Чикаго, која е родена на 15 јануари.

-Бебе Чикаго, напиша кратко Ким во опис на фотографијата.

Малата Чи, како што ја викаат членовите на семејството, е мирно бебе, а веќе ужива во луксузот на богатството на познатите родители.

Како што пишуваат странските медиуми само во нејзината  детска соба се наоѓаат украси вредни 75.000 долари.

Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест своето дете го добија од сурогат мајка. Поради компликациите во првите две бремености, Ким се одлучи да најде жена која нивното третот дете ќе го донесе на свет.

Сурогат мајката има 27 години, два сина и пет години е во брак. Завршила факултет,  а на парот му се допаднала бидејќи е во одлична физичка форма.

За време на бременоста, Канје и Ким и забраниле да ја фарба косата, да пие алкохол, да јаде сирова риба, да користи сауна и да пуши. За нејзината сигурност за време на бременоста биле задолжени двајца телохранители кои и помагале од третиот месец во бременоста.

За целиот процес Ким и Канје платиле околу 114.000 долари.

 

Најнови вести