среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Познати

ФОТО: Кејт Мидлтон за првпат се појави во јавност по карантинот

ФОТО: Кејт Мидлтон за првпат се појави во јавност по карантинот

Војвотката од Кембриџ го посети новиот гарден центар во близина на нејзиниот дом во Норфолк, а сите со надеж дека работите ќе се вратат во нормала. Ова е нејзино прво појавување во јавноста од март годинава.

Имено, поради пандемијата на коронавирус, војвотката беше во карантин, а сега таа ја искористи можноста да разговара со сопственикот на градинскиот центар и работниците.

Војвотката го посетила новиот гарден центар во близина на нејзиниот дом во Норфолк, а сите со надеж дека работите ќе се вратат во нормала.

Ова е нејзино прво појавување во јавноста од март годинава. Имено, поради пандемијата на коронавирус, војвотката беше во карантин, а сега таа ја искористи можноста да разговара со сопственикот на градинскиот центар и работниците.

Тие зборуваа за мерките за заштита од вирусот, но и за тоа како се затвори нивниот семеен бизнис за седум недели заради пандемијата.

Во исто време, принцот Вилијам ја посетил локалната пекарница, разговарајќи со сопствениците и вработените за тоа како стопирањето на работата влијаело врз заработката и семејните финансии.

Иако во јавноста се шпекулираше дека војвотката повторно е бремена и дека е исцрпена и уморна поради тоа, изгледот на Кејт Мидлтон не може да го потврди тоа.

Имено, Кејт изгледаше здраво и оптимистично во спортско издание кое се состоеше од црни пантолони, светло сина маица и елек. Како и секогаш, за време на официјалните посети, војвотката се смешкаше расположена да се дружи.

Коронавирус