вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 79
home Познати

ФОТО: Каролина Гочева ужива на замрзнатите Нијагарини водопади

ФОТО: Каролина Гочева ужива на замрзнатите Нијагарини водопади

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин е на меден месец во Канада.

Студеното време и ниските температури не ѝ пречат да се прошета и да ги види природни убавини на земјата, па на својот инстаграм-профил Каролина деновиве објавува фотографии и видеа од патувањето.

На секоја од нив таа остава коментари дека ѝ студи и дека е многу поладно отколку што е навистина. Таа објави и слика од замрзнатите водопади на Нијагара, фотографирана во Онтарио, Канада.

„Многу поладно е од што изгледа“, напиша на таа покрај фотографијата на која ѝ се гледаат само очите заради дебелиот шал и капа. На прашањето на еден од своите инстаграм-пријатели за температурата, Каролина напишала дека чувството е како -33 степени. Вистинската температура, во тој момент била само -14 степени.

Ice age ❄️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Целиот источен дел на Америка и Канада се под снежна покривка, а фотографии од замрзнатите Нијагарини водопади беа објавени во светските медиуми уште минатата недела.

Многу поладно од што изгледа ☺️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Каролина и Михаил ќе се вратат во Македонија до крајот на месецот, а брзо потоа пејачката ќе го промовира нејзиниот нов студиски албум.