среда, 2. декември 2020. Вести денес: 15
home Познати

ФОТО: Карлеуша одново се сликаше смело, со тетоважи по цело тело

ФОТО: Карлеуша одново се сликаше смело, со тетоважи по цело тело

Српската фолк дива нема ниту една тетоважа на себе. Не барем видлива. Ама затоа има и публика, која е поборник на тетовирано тело, што ја стави во дилема: Дали можеби, не е добро да стави некоја „шарка“ на себе? Како ли ќе изгледа, како ли ќе и стои, дали ќе ја личи кога една-две тетоважи би ставила или ќе се покае што тоа го направила?

И додека некои би биле на „два ума“ што да прават, на фолк дивата и текна. Јеца веднаш се досети дека може да проба, па да види, тетоважите и стојат или не, ја личет или не ја личат? А како за проба пари не земаат, освен нешто ситно – побара и си најде да си купи, нешто што личи на тетоважа, а не е! Или поточно, на тетовиран комбенизон за по цело тело!

Направен од проѕирен материјал, нешто како хулахопки, целиот отпечатен со „тату“ апликации, па кога ќе го облечете личи како да си тетовиран… од глава до петици! Како што тоа го направи итрата Јеца! Облечена смело со тетоважи по цело тело, однапред – од глуждови до гради и одзади – од задница до врат – нагоре и од задница до петици – надолу, така „тетовирана“ Карлеуша реши да постира неколку фотографии.

За нејзината „шарена фотосесија“ некои ја пофалија, некои „ја обесија“ на социјалните мрежи, ама пејачката ем си го направи ќеифот, ем  опипа дали е моментот… Да се тетовира или не, навистина?

Што мислите вие, Карлеуша со тетоважи – важи или не важи?

Извор: Вистина

Најнови вести

Коронавирус