среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 17
home Познати

ФОТО: Како на филмовите – сопругот на македонската пејачка ѝ приреди романтично изненадување

ФОТО: Како на филмовите – сопругот на македонската пејачка ѝ приреди романтично изненадување

Младата македонска пејачка Елена Миленковска која македонската јавност ја запозна преку учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ постојано на својот Инстаграм профил споделува фотографии преку кои покажува дека нвистина ужива во улогата на сопругоа и мајка.

Македонската пејачка Елена Миленковска и српскиот пејач Гуте Маринковиќ од почетокот на својата врска беа отворени да ги покажат емоциите. Тие постојано објавуваат заеднички фотографии со емотивни пораки.

Овој пат таа сподели фотографии од изненадувањето кое Гуте ѝ го приредил.

Имено, тој во нивниот дом направи домашно кино, односно направи романтични услови заедно да гледаат филм.

„Ми кажа пред некој ден подготвува план да уживаме за викенд и да ги тргнеме мислите од работата и сe’ останато. Не сакаше да ми каже за што се работи, само ми кажа дека е изненадување бидеќи заслужувам. Додека бев во кујната тој се намонтира, а сега ни преостанува да уживаме. Максим спие. Фала ти Гуте“, напиша Елена во опис на фотографиите.

Коронавирус