сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Познати

ФОТО: Кај кралицата Елизабета за се’ има причина – Еве зошто секогаш носи силни бои

ФОТО: Кај кралицата Елизабета за се’ има причина – Еве зошто секогаш носи силни бои

Главниот член на британското кралско семејство, кралицата Елизабета Втора ништо не прави спонтано, дури ни облекувањето.

Се може да дознаете зошто во јавност нема да ја видите во неутрални бои, особено не во крем боја. Кралското семејство почитува многу правила. Однесувањето во јавноста, однесувањето кон другите, протоколи, па дури и начинот на кој јадат – секој детаљ има свое значење.

Елизабета секогаш ќе ја видите во силни, јаки бои, но никогаш во неутрални бои. Одговорот зошто ова е така го открива документарниот филм „The Queen at 90’“.

-Мора да се истакнува меѓу луѓето за тие да кажат „ја видов кралицата“. Ме заборавајте дека кога кралицата некаде ќе се појави се собираат голем број луѓе, а таа сака тие да може да кажат дека виделе барем и дел од нејзиниот шешир, открива Софи, снаа на кралицата.

Во една прилика и самата Елизабета изјавила дека не може да носи крем боја, бидејќи ако ја стави на себе никој нема да знае која е.

Ова правило не важи кога кралицата е во дворецот, тогаш секако носи и неутрални бои.

Коронавирус