сабота, 17. април 2021. Вести денес: 14
home Познати

ФОТО: Интернетот „гори“ – Меланија Трамп со модно промашување

ФОТО: Интернетот „гори“ – Меланија Трамп со модно промашување

Меланија Трамп ги одбројува последните денови како прва дама во Белата куќа, а очите на јавноста се уште се вперени во неа. Особено внимание привлекуваат нејзините модни комбинации.

Меланија често носи капут-фустан или капути со А-крој кои под градите благо се шират, но јавноста е изненадена со нејзиниото најново издание видено додека излегувала од хеликоптер заедно со сопругот Доналд Трамп на тревникот пред Белата куќата.

Таа овој пат се одлучила за предимензиониран и долг капут кој во ниеден дел не ја следи линијата на нејзиното тело.

Капутот е пирок и во пределот на ракавите и изгледа како да има благ „пуф“ ефект. Нејзината фигура е дополнително скратена бидејќи не носи потпетици, кои се нејзиниот заштитен знак, туку рамни кожни чизми.

Иако оваа комбинација се смета за шик, особено дополнета со кожни црни ракавици, се стекнува впечаток дека за својата градба Меланија можела да направи подобар избор. Благодарение на ветерот, таа не можела да ја контролира фризурата, па според модните критичари овој изглед на убавата Словенка е прогласен за целосно промашување.

Најнови вести

Коронавирус