Познати

ФОТО: Илон Маск и Џеф Безос на иста маса, еве како изгледале пред 21 година

Многумина во коментарите напишаа дека сега изгледаат многу помлади.

ФОТО: Илон Маск и Џеф Безос на иста маса, еве како изгледале пред 21 година

Илон Маск сподели фотографија на која позира со Џеф Безос. Фотографијата е од 2004 година. Иако се шпекулираше дека двајцата се во лоши односи, оваа објава ги демантираше тие тврдења.

-Леле, многу нешта се случија за 21 година, напиша Маск.

Многумина во коментарите напишаа дека сега изгледаат многу помлади.

И двајцата се меѓу најбогатите луѓе во светот. Како што е наведено во листата на Форбс за 2024 година, Маск е втората најбогата личност со богатство проценето на 195 милијарди долари.

Безос е на третото место. Неговото богатство се проценува на 194 милијарди долари. Првото место на оваа листа го зазеде Бернард Арно и неговото семејство (233 милијарди долари).

To top