среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 67
home Познати

ФОТО: И покрај тешката сообраќајка, популарниот пејач не престанува да дивее со својот автомобил!

ФОТО: И покрај тешката сообраќајка, популарниот пејач не престанува да дивее со својот автомобил!

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ повторно дивееше зад воланот.

Имено тој на социјалната мрежа на Инстаграм објави видео на кое вози со над 160 километри на час.


Познато е дека Лазиќ е голем љубител на брзото возење, а во 2018 година доживеа тешка сообраќајна несреќа, кога неговиот автомобил излетал од патот и се превртил на кров.

Тогаш пејачот повеќе од месец дена лежеше на интензивна нега во болницата во Земун, а после тоа лекувањето го продолжи на бања.

Тогаш и самиот призна дека возел без возачка дозвола, која претходно му била одземена и под дејство на алкохол.

И покрај тоа што се го доживеал, се чини дека на пејачот не му иде памет и не се откажува од брзото и небезбедно возење што претставува опасност како за него така и за околината.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија