среда, 31. мај 2023. Вести денес: 97
home Познати

ФОТО: И Кери Бредшо би размислила дали ќе го облече ова, Сара Џесика Паркер во ново модно издание

ФОТО: И Кери Бредшо би размислила дали ќе го облече ова, Сара Џесика Паркер во ново модно издание

Сара Џесика Паркер неодамна откри дека никогаш не ѝ се допаѓал стилот на Кери Бредшо, ликот кој ја прослави.

51-годишната актерка се прослави со улогата на писателката Кери Бредшо во ТВ серијата “Сексот и градот”.

И додека за модната комбинација на славната Њујорчанка на сетот била заслужна генијалната стилистка Патриша Филд која тогаш покрена вистинска модна револуција и во приватниот живот Сара Џесика “собрала” бројни стилски трикови од славниот лик.

Со тоа, русокосата актерка честопати знае да го спои неспоивото и сепак да изгледа одлично, а Паркер има и своја колекција на чевли кои наликуваат на оние кои Бредшо ги носеше со години.

Но, пред неколку недели, Сара ги изненади своите обожаватели со изјавата дека никогаш не ѝ се допаѓал стилот на Кери Бредшо.

Но, многумина не би се согласиле со тоа бидејќи во последното издание во кое таа се појавила, Сара повторно го заживеала ликот на Кери Бредшо.