Откако со вереникот Ведран Ќорлука присуствуваа на разни прослави по повод вицешампионското место на хрватската репрезентација на Мундијалот, на пејачката Франка Балетиќ и треба мало опуштање пред нивната свадба која е закажана за викендов.
Убавата пејачка која ја претставуваше Хрватска на годишениот Евросонг, замина во родниот Рабац.
-Најпосле мир во ова лудило. Море, ти благодарам, напиша Франка објавувајќи фотографија.
По опуштањето следувала забава со пријателките.
Фудбалерот и пејачката ќе стапат во брак по шест години врска, а свадбената прослава ќе се одржи во познатата вила во која се венчале и Нина Бадриќ и Северина.
Имотот на кој се наоѓа вилата се простира на 120.000 метри квадратни, а е опкружен со медитеранска вегетација, маслинки и виноград. Изградена е од истарски бел камен, а нејзината вредност се проценува на над 28 милиони хрватски куни.