вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Познати

ФОТО: Фолкерката Сани заврши во болница

ФОТО: Фолкерката Сани заврши во болница

Фолк пејачите моментално го имаат најактивниот период со настапи на предновогодишните прослави и снимања новогодишни емисии.

Секоја вечер им е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.

Фолк пејачката Сања Апостоловска –Сани важи за една од најбараните, но деновиве таа веројатно ги потроши батериите и заврши во болница.

На социјалните мрежи Сани објави фотографија легната на болничкиот кревет со инфузија во раката, но со насмевка на лицето, па дури и шминка.

„Епа и ова се дешава“- напиша Сани во описот на фотографијата.

Веруваме дека што и да и се случило, брзо ќе помине, а таа ќе се врати со полна пареа пред својата публика.

Вистина.мк

Коронавирус