понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Фото: Еве кои холивудски ѕвезди слават православен Божиќ

Фото: Еве кои холивудски ѕвезди слават православен Божиќ

Некои го слават поради своите предци, некои поради емотивните партнери, а некои поради љубовта кон православието.

Листата на светските ѕвезди кои го слават Божиќ на 7 јануари ја сочинуваат славни холивудски актери и пејачи.

Холивудската актерка Џенифер Анистон православното христијанство го наследила од таткото Џон Анистон, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенскиот патријарх.

Том Хенкс

Актерот Том Хенск е роден во католичко семејство, но подоцна преминал во православие. Причината за преоѓањето е неговата втора сопруга Рита Вилсон, актерка која има бугарско-грчки корени.

– Кога ќе одлучите да се венчате со некого и да имате деца, тогаш мора да одлучите и какво духовно наследство ќе им оставите на децата – рекол Том кој во 1988 година се венчал во истата црква во која е крстена неговата сопруга.

Ким Кардашиан

Американската старлета по потекло е Ерменка. Таа е четвртата генерација на иселеници од Ерменија. Ким Кардашиан предминатата година на Твитер на сите им го честита Божик на 7 јануари.

„Депеш мод“

Пејачот на легендарната група „Депеш мод“, Дејвид Гахан, ја преземал православната вера од својата сопруга Џенифер Скилаз.

Наоми Кембел

Славниот топ модел Наоми Кембел станала верник на Руската православна црква во текот на врската којашто ја имаше со рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Коронавирус